Иновација за барање отказ од тренерот: Навивачите на Жалгирис фрлаа куфери на теренот

Дерби

05/08/2025

14:25

313

Големина на фонт

а а а

Работата на еден фудбалски тренер исклучува зависи од резултатите кои ги остварува во краток временски интервал, а во ситуација кога безброј пати сме биле сведоци дека меморијата во фудбалот е нависитна кратка, ни пристигна и едно несекојдневно видео од Литванија.

Жалгирис има значително лош период во последно време и е далеку од местата кои му прилегаат во Првата лига во Литванија, па откако тимот падна на седмата позиција на табелата, навивачите решија да протестираат на необичен начин.

Навивачите на Жалгирис бараат од тренерот на првиот тим да прифати одговорност и да поднесе оставка, а тоа ги натерало на последниот меч со Кауно Жалгирис да фрлаат куфери на теренот.

Иновацијата во барањето отказ за тренерот брзо стана вирална на социјалните мрежи, па останува да се види дали пораката ќе биде сфатена од страна на Владимир Чебурин.

Казахстанецот го води Жалгирис од 2021-ва година и успеа да освои три титули, но сега е непожелен и му беше покажана излезната врата од страна на навивачите.