Јувентус го понудил Влаховиќ на Јунајтед за време на викендот, одговорот од Англичаните бил категоричен

Дерби

05/08/2025

13:42

718

Големина на фонт

а а а

Душан Влаховиќ нема иднина во Јувентус и најдобро сценарио ќе биде што побрзо да си пронајде нов клуб, па во период кога Милан е зафатен со реализација на трансферот на Ардон Јашари, фудбалски посредници го понудиле Србинот на Манчестер Јунајтед.

Рубен Аморим бара профил на фудбалер кој ќе може да одговори на барањата кои ги има за идеална „деветка“, па фудбалски посредници блиски до Јувентус и Манчестер Јунајтед го понудиле Србинот на англискиот клуб за време на изминатиот викенд.

Италијански „Тутоспорт“ информира дека предлогот на Јувентус бил категорично одбиен од страна на Манчестер Јунајтед, а воедно било објаснето дека од нивна страна нема никаков интерес за ангажман на фудбалерот и во поблиска иднина.

После ваквиот одговор, за Влаховиќ и Јувентус останува само една опција во овој момент, а тоа е да се почека на понуда од Милан, клуб кој се уште разгледува дали опцијата Душан би била добра и исплатлива за проектот на Масимилијано Алегри.

Влаховиќ има договор со Јувентус до јуни 2026-та година, па клубот од Торино е подготвен да направи и специјален попуст за да се ослободи од неговата висока плата.