Жител на селото Стојаково, општина Богданци, заврши во притвор откако полицијата во неговиот двор пронајде мини-плантажа со марихуана.
Како што информираа од полицијата, на на 4 август, по судска наредба, бил извршен претрес во домот и дворното место на 65-годишниот Т.К.
Од таму, како што наведуваат, биле пронајдени дури 56 стебла марихуана, некои со висина до 2,80 метри, како и поголема количина суви растителни остатоци, семки од канабис, дробилка и други предмети со траги од марихуана.
Осомничениот бил приведен и задржан во Полициската станица во Гевгелија, по што бил изведен пред судија од Основниот суд Гевгелија, кој му одредил мерка притвор.