Вчера во 11:35 часот, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(54) од Македонски Брод.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „југо” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал В.С., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.