[ФОТО] Големото срце на Лука: Дончиќ експресно донираше 5 милиони долари од новиот договор со Лејкерс

Дерби

03/08/2025

12:06

8.406

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ вчера стави потпис на нов тригодишен договор според кој ќе заработува по 165 милиони долари по сезона, но словенечкиот суперстар уште при самиот параф на документите, реши да донира 5 милиони долари од заработката.

Словенецот дефинитивно ќе биде лидер на проектот на Лос Анџелес Лејкерс во наредниот период, но тоа не прави да лета во облаци и Лука останува верен на своите вредности кои го пратат од самиот старт на кариерата.

Дончиќ експресно реши да донира 5 милиони долари од својата соработка, а средствата ќе бидат инвестирани во 77 млади спортисти ширум светот на кои им е потребна ваква финансиска инјекција.

– Самошто потпишав продолжување на договорот со Лејкерс. Возбуден сум што ќе продолжам да работам во обид да стигнеме до шампионски прстен со Лос Анџелес. Благодарен сум на Лејкерси, на соиграчите и на сите навивачи кои ми покажаа толку голема љубов од првиот ден.

– Денеска исто така донирам 5 милиони долари со кои ќе им помогнам на 77 млади спортисти ширум светот кои ќе продолжат да ги следат своите соништа, исто како што тоа го правев и јас на времето. Кошарката ми даде се и имам среќа што можам да возвратам и да помогнам на следната генерација, – вели Дончиќ.