РБ Лајпциг ја одби рекордната понуда на Њукасл за Шешко!

Макфакс

03/08/2025

09:18

231

Големина на фонт

а а а

Ред Бул Лајпциг се стави на располагање да преговара за својот најдобар играч во првиот тим, па иако беше предвидено дека германскиот клуб ќе даде зелено светло за трансфер кој ќе достигне 75 милиони евра, испадна дека на Њукасл не му беа доволни и 5 милиони евра повеќе.

Како што јавуваат угледните англиски таблоид, РБ Лајпциг се покажува како тврд орев и се погрижи за неочекуван заплет во операцијата со Бенџамин Шешко, откако претходно во текот на вчерашниот ден беше пренесено дека Словенецот му дал предност на Њукасл пред Манчестер Јунајтед.

Ова ги натера „страчките“ да испратат рекордна понуда од вкупно 80 милиони евра за експресен ангажман на Шешко, но наместо позитивен одговор, Англичаните наишле на негативна реакција.

Понудата 75+5 не ги задоволиле оперативците на РБ Лајпциг, кои очигледно со оваа тактика сакаат да активираат наддавање, во кое му се отвора шанса и на Манчестер Јунајтед кој исто така е заинтересиран за младиот напаѓач.

Последните активности на Њукасл јасно алудираат дека Еди Хау сака да си обезбеди нов напаѓач пред да биде продаден Александер Исак, па доколку не се случи такво нешто со Шешко, може да се закомплицира и релацијата на однос Ливерпул-Њукасл.

Од друга страна, опасност за Њукасл е и загреаниот Манчестер Јунајтед, па останува да се види во кој тек ќе продолжат преговорите и дали клубот од северот во Англија конечно ќе може да приведе до крај една трансфер операција за напаѓач ова лето.