Французите открија каква улога ќе извршува Ѓоковиќ во клубот во кој инвестираше

Дерби

03/08/2025

09:15

575

Големина на фонт

а а а

Француските медиуми пред два дена пренесоа вест која пристигна како „гром од ведро небо“, па иако во прв момент имаше значење на шпекулација, истата многу брзо беше официјализирана од големиот грен слем рекордер.

Новак Ѓоковиќ за првпат реши да инвестира во фудбалот и да стане составен дел од најважната споредна работа во светот, такашто вложи голема сума на пари во францускиот второлигаш Ле Ман.

Оваа тема стана една од најпопуларните во Франција откако самиот Ноле потврди дека станал косопственик преку социјалните мрежи, а сега „Лекип“ почна да се занимава околу тоа каква улога ќе извршува Србинот во клубот со богата традиција.


Ѓоковиќ се придружи на проектот кој го започна бразилскиот фонд „Аутфилд“ кој е главен инвеститор во Ле Ман, па според првичните проекции, Ѓоковиќ ќе има улога на советник и амбасадор на клубот.

Покрај Ѓоковиќ, дел од проектот се и познати Ф1 имиња како Фелипе Маса и Кевин Магнусен, па со мало објаснување за новонастанатата ситуација се јави косопственикот на „Аутфилд“, Педро Оливеира.

– Ѓоковиќ и останатите спортисти кои ни се приклучија ја делат нашата визија за проектот. Тие ќе имаат советодавна улога, но ќе бидат и амбасадори на брендот. Фелипе Маса и Кевин Магнусен ќе градат врски со светот на автомобилизмот, додека Новак ќе го донесе својот шампионски дух и погледите кон врвно натпреварување. Тој го сака фудбалот, првпат вложува во фудбалски клуб и навистина е многу возбуден, – открива Оливеира.