[ФОТО] „Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

Макфакс

03/08/2025

09:17

247

Големина на фонт

а а а

Околу 80 шарени бродови за Парадата на гордоста пловеа низ каналите на Амстердам на крајот од седумдневната прослава на ЛГБТК+ заедницата во градот.

Иако поворката не е политичка, учесниците ја искористија можноста да ги критикуваат конфликтите што беснеат низ целиот свет и бројните светски лидери за нивните негативни ставови кон правата на ЛГБТК + заедницата, пренесува Ројтерс.


Палестински знамиња беа видени и во толпата, а холандската полиција уапси четворица активисти кои скокнаа во водата и оштетија брод на Букинг во знак на протест против тоа што им беше понуден сместување во населбите окупирани од Израел.


Учесниците на парадата го критикуваа и американскиот претседател Доналд Трамп, чија администрација спроведе антитранс политики и ги намали средствата за меѓународни програми за помош, што ги загрози напорите за превенција од ХИВ во Африка.


На еден од бродовите беа прикажани лажни гробишта и порака „Постапките на Трамп убиваат. Љубовта спасува животи“.