Силен земјотрес во Русија, издадено ново предупредување за цунами: „Бегајте од брегот“

Макфакс

03/08/2025

11:10

285

Големина на фонт

а а а

Откако утрово Камчатка ја погоди земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Тихиот Океан, на 279 километри од главниот град на тој руски регион, Петропавловск-Камчатски, регионалниот штаб на Министерството за вонредни ситуации објави дека цунами може да се приближи до регионот.

Според пресметките на Центарот за следење и предупредување од цунами на Камчатка , можно е цунами во неколку региони, пренесува РИА Новости.

И покрај ниската висина на брановите, на граѓаните им беше советувано да се држат подалеку од брегот, а бродовите во крајбрежните води, кои стојат на отворено или во залив со широк влез и на сидришта, да пловат во океанот.


На 30 јули, Камчатка го доживеа најсилниот земјотрес од 1952 година, со магнитуда од 8,8 степени , а земјотреси до 8 степени беа почувствувани и на северните Курилски Острови.

Потоа беше прогласена закана од цунами во Камчатка и во Северниот Курилски округ, каде што беше прогласена и вонредна состојба.

Четирите цунами бранови што следеа по земјотресот потоа делумно ја оштетија пристанишната инфраструктура и другите објекти.