Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандиндат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, упати честитка по повод Илинден.
„Вечен нека биде Илинден, вечна е Македонија!
На Илинден, нашите предци ја започнаа својата борба за создавање на македонската држава, борба што ја продолжија многу знајни и незнајни јунаци кои ги положија своите животи на олтарот на слободата, за Македонија да биде дом за својот народ.
На 2 август 1903 година, нашите дедовци му покажаа на светот дека огнот на слободата што гори во срцето на Македонецот е нескротлив.
Тој пламен продолжи да гори и преку Илинденците од 1944, за да се роди современата македонска држава.
А денес, ние имаме света должност – да ја чуваме, браниме и унапредуваме оваа исконска земја.
Ние, нашата генерација.
Јас верувам во нашата генерација!
Македонија ќе живее, затоа што има горди синови и ќерки кои безрезервно ја љубат.
Честит и вечен нека е Илинден!“, стои во објавата на Ѓорѓиевски.
♾️ Вечен нека биде Илинден, вечна е Македонија!
🗓️ На Илинден, нашите предци ја започнаа својата борба за создавање на...
Posted by Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski on Saturday, August 2, 2025