На ГП табановце приведени две лица – едното за шверц на дрога, другото за фалсификувана возачка дозвола

Макфакс

31/07/2025

11:00

130

Големина на фонт

а а а

Вчера на Гранишниот премин Табановце се приведени две лица – едното за шверц на дрога, другото за фалсификувана возачка дозвола.

Околу 09:30 часот од страна на полициски службеници од ГП „Табановце“ уапсен е Х.О. (22) полски државјанин кој што со патничко возило „Рено меган“ со полски национални ознаки сакал да оствари влез во нашата земја. Лицето е приведено затоа што при дополнителна контрола врз возилото во истото била пронајдена пластична тегла со опојна дрога – марихуана, како и една дробилка.

На истиот граничен премин вчера околу 17:25 часот од слобода е лишено и лицето В.А. (39) српски државјанин при обид за влез во државава со мопед марка „Aprillia RSV4“ со швајцарска национална ознака. При гранична контрола лицето на увид приложило швајцарска возачка дозвола на негово име за која што по дополнителна контрола со помош на претставници на „Фронтекс“ било констатирано дека е целосен фалсификат.