Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Макфакс

30/07/2025

10:35

184

Големина на фонт

а а а

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово.

Според информациите на МВР, околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар.

Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.