Сè уште очекуваме став од Бугарија за предлогот на претседателот Мицкоски, за заедничка Резолуција за заштита на македонскиот идентитет и јазик пред ЕП, мистакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние го изнесовме овој предлог од две причини: Доколку Бугарија е искрена, и не го оспорува нашиот идентитет и јазик, тогаш ќе прифатат и заедно ќе ја поднесеме Резолуцијата.
Доколку Бугарија не е искрена, тогаш ќе ескивира по секоја цена“.
Во моментот сме сведоци, додава Лефков, дека Бугарија бега од идејата, а со тоа покажува став кон Македонија, кој не е демократски, не е добрососедски, ниту пак е човечки.
„Гласините кои ги слушаме од некои кругови во Бугарија, го отсликуваат наративот кој Русија го има кон Украина, со целосна негација на нашата самобитност.
Ние знаеме кои сме и целиот свет знае кои сме. Но, фактот што Бугарија го негира тоа, и сака во темел да ги поткопа основните човекови права, дава јасен знак дека сите треба да се запрашаме зошто е тоа така и ќе остави ли ЕУ да бидеме жртва на политики од 19 век, политики на негација на самобитноста исти по размер како тие Русија што ги применува врз Украина“.
Македонија, нагласува Лефков, е пред се добар сосед, држава членка на НАТО, држава која дала и дава свој придонес кон европската безбедност и единствено нешто кое го сакаме, како што рече, како народ, е да бидеме почитувани и да имаме третман како сите останати.