Булгурот е термички обработена пченица која има големи предности за здравјето. Содржи многу хранливи материи кои помагаат во намалување на крвниот притисок.
Еве неколку причини зошто треба да ја вклучите во својата исхрана.
Хранлива вредност
Просечната хранлива вредност на 1 шолја булгур:
- 151 калорија;
- 34 грама јаглехидрати, од кои 8 грама диетални влакна;
- 6 грама протеини;
- 8 отсто препорачана дневна доза на фолати;
- 8 отсто препорачана дневна доза на витамин Б6;
- 9 отсто препорачана дневна доза на ниацин;
- 20 отсто препорачана дневна доза на цинк;
- 55 отсто препорачана дневна доза на манган;
- 15 отсто препорачана дневна доза на магнезиум;
- 10 отсто препорачана дневна доза на железо.
Содржи минерали за контрола на крвниот притисок. Булгурот содржи калиум и магнезиум. Студиите покажуваат дека суплементот магнезиум го намалува крвниот притисок, особено кај луѓе со недостаток на магнезиум или неконтролирана хипертензија.
Богатите растворливи растителни влакна имаат главна улога во регулирање на крвниот притисок. Влакната го намалуваат холестеролот во крвта и го нормализираат нивото на шеќер во крвта.
Нискиот гликемиски индекс е важен за крвниот притисок затоа што честите скокови на шеќерот во крвта можат да ги оштетат крвните садови и да придонесат во развојот на инсулинска резистенција.
Неодамнешна студија исто така ја поврзала исхраната со низок гликемиски индекс и високото содржење на растителни влакна со подобрување на здравјето на крвните садови и нискиот крвен притисок.