Непознат сторител со автомобил влетал во автобуска станица во Израел, повредени седум лица

Макфакс

24/07/2025

11:59

273

Големина на фонт

а а а

Непознат сторител со автомобилот влета во автобуска станица во израелскиот град Беит Лид, при што беа повредени седум лица, објави „и24 Њуз“.

Според податоците на итната служба „Маген Давид Адом“ (MDA), две лица се тешко повредени, а пет други се полесно повредени. Сите се однесени во блиските болници за понатамошно лекување.

Возачот избегал од местото на настанот, поради што безбедносните сили започнале потрага. Контролни пунктови се поставени во околните области додека властите трагаат по осомничениот.

Идан Харас, техничар за итна медицинска помош од МДА, ја опиша сцената како хаотична: „Имаше хаос и уништување. Помагавме на двајца млади мажи со умерено крварење и други повреди, и неколку други полесно повредени, кои брзо ги транспортиравме во болница.“