Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас се врати во Германија и одново е дел од РБ Лајпциг со кого има договор до 2028 година.
Меѓутоа Елиф нема иднина во таборот на „биковите“ и во овој преоден рок бара нов клуб, клуб во кој би направил перманентен трансфер.
Италија делува како земја во која Елиф би ја продолжил кариерата, а најновата вест е дека тоа би можел да и се приклучи на Рома. Според Лего, бундеслигашот го понудил Елмас на „волчицата“ која сега ја разгледува опцијата и условите по кои би можел да слета на „Олимпико“.
Тој вториот дел од минатата сезона го мина во Торино каде на 13 мечеви постигна 4 гола.
Новиот тренер на Рома, Гасперини сака профил на играчи како Македонецот, па останува да се види дали составот од италијанската престолнина ќе притисне и ќе го обезбеди потписот на играчот кој на „чизмата“ играше и за Наполи.