Диало за тоа што е добра сезона за Јунајтед: Ако завршиме…

Дерби

21/07/2025

14:57

468

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед се прикажа во очајно светло во натпреварувачката 2024/2025 пред се во Премиер лигата каде заврши дури на 15. позија на табелата.

Англискиот великан не се прослави ниту во домашните купови, додека единствена светла точка беше финалето на Лига Европа, меѓутоа поразот од Тотенхем ги остави со празни раце и без место во Европа во престојнава кампања.

Јунајтед ќе се обиде под водство на Аморим да се крене во новата година каде главниот фокус ќе биде Премиер лигата, а според Амад Диало целта е да се биде во Топ 5.

- Добра сезона за нас ќе биде да бидеме во топ 5. Се надевам дека ќе можеме да го постигнеме тоа место во првите пет на крајот од сезоната, бидејќи мислам дека би го заслужиле тоа. Мислам дека навивачите мора да бидат трпеливи со нас. Имаме нов менаџер, со нови играчи и нова тактика, па знаеме дека минатата сезона не беше баш добра за тимот. Но, мислам дека оваа сезона ќе победиме многу со него и се надевам дека ќе постигнеме многу добри работи до крајот на сезоната, - порача Диало.