Морис: Веќе е супер ѕвезда, Палмер е на исто ниво со Азар

Дерби

21/07/2025

13:20

268

Големина на фонт

а а а

Еден Азар одбележа една ера во таборот на Челси, седум години во кои тој одигра клучна улога во освојувањето на трофеи во Премиер лигата, ФА и Лига Купот и во Лига Европа.

Сега има некоја нова генерација на „сините“, играчи кои се обидуваат да се наметна и испишат историја, а последните резултати, успеси на екипата покажуваат дека работите се движат во вистински правец. Прво беше освоена Конференциската лига, додека пред некое време и трофејот на Светското клупско првенство.

Кол Палмер беше меѓу најистакнатите поединци, па поранешниот фудбалер и потоа член на стручниот штаб на Челси, Џоди Морис го стави англискиот репрезентативец во иста категорија со Азар.

- За мене, тој е веќе суперѕвезда, но сепак мислам дека има уште едно ниво на кое треба да се искачи, бидејќи мислам дека треба да играш во Лигата на шампионите за да се сметаш за следното ниво. Видовме што направи од десната страна во финалето на Конференциската лига. Тој ја презеде одговорноста и кажа: „Ќе направам нешто да се случи“.

- Има неколку играчи кои можат да го направат тоа. Имавме среќа што го имавме веројатно најдобриот што некогаш го направил тоа, Еден Азар. Кол Палмер е во истата категорија, - порача Морис за „Токспорт“.