Големо засилување: Барселона се пофали со потписот на еден од најдобрите центри во Европа

Дерби

21/07/2025

12:47

263

Големина на фонт

а а а

Барселона нема по добро да ја памети натпреварувачката 2024/2025, разочарувачка сезона одбележана со повреди на клучни играчи, сезона одбележа со лоши резултати во сите натпреварувања.

Клубот не се одлучи за смена на тренерот и Жоан Пенароја останува на жешкото столче да го води тимот кој ќе претрпе промени. Некои играчи си заминаа, меѓутоа пристигнуваат нови, а токму еден од нив денеска е официјализиран - Торнике Шенгелија.

Шенгелија е еден од најдобрите центри, крилни центри во Европа и е огромно засилување за каталонците. Грузиецот има и НБА искуство, меѓутоа најдобрите изданија му се на стариот континент каде во Шпанија веќе играше за Валенсија и Басконија.

Тој го носеше и дресот на ЦСКА Москва, а претходните три години ги мина во Виртус Болоња од каде си замина со титула за која беше најзаслужен или поточно го понесе признанието МВП на финалето.

Популарниот Токо е трето освежување за Барса по Хуанми Маркос и Мајлс Кејл кој пристигна од Тренто.