Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски забележа голем скок на најновата АТП ранг листа.
Калин изминатиов период имаше добри настапи, дојде до 29 поени со што си овозможи напредок од дури 60 позиции и сега е 793 на светот.
Од македонските тенисери ранкинг во поединечна конкуренција има само уште Горазд Србљак кој се лизна 96 места и сега е на 1442 на АТП. Во двојки пак Обрад Марковски е 1522, а Србљак со 2 поени е 2380 на планетава.
На врвот нема промени Синер е лидер пред Алкарас, Зверев, Фриц и Дрејпер кој ја заокружува првата петка.
Кога се во прашање пак дамите, Лина Ѓорческа отиде напред осум чекори и е на 307 место на ВТА листата, рангирање на кое Магдалена Стоилкоска е 1422.
Лина пак падна во двојки и тоа 12 места за да дојде до 550 позиција.
Првата позиција пак е резервирана за Сабаленка пред Гоф и Швјонтек.