Мијатовиќ: Реал мора да донесе важни одлуки, ако Винисиус, Родриго…

Дерби

21/07/2025

11:21

206

Големина на фонт

а а а

Предраг Мијатовиќ е човек за кого Реал Мадрид е посебен клуб и има посебно место во неговото срце со оглед на тоа што три години играше за истиот, а потоа беше и дел од структурите на шпанскиот великан.

Популарниот Пеџа секогаш е расположен да говори за „кралевите“ без разлика дали се работи за „жешки“ теми или прашања тој секогаш се обидува да биде искрен и одговори најдобро што знае и умее.

Реал и покрај доаѓањето на новиот тренер Чаби Алонсо има одредени проблеми кои мора да ги реши пред се статусот на некои ѕвезди како Родриго за кого се погласно се говори дека е на излезни врати, а тука е и ситуацијата околу новиот договор со Винисиус Жуниор кој никако да биде потпишан.

- Кога треба да го обновите тимот и да ги барате новите Модриќ, Крос и Касемиро… не можете да го обновите тимот за едно лето. Тимот мора да донесе неколку важни одлуки ова лето. Ако Винисиус, Мбапе или Родриго не се среќни и не ја чувствуваат поддршката од клубот, тие не можат да играат. Не знам дали навивачите се толку заљубени во Винисиус како што беа пред две или три години или дали тој има толку почит кон нив како што имаше тогаш, - вели Црногорецот и додава:

- Постојано го повторувам тоа, акумулирањето одлични играчи, со голема пазарна вредност, секогаш е контрапродуктивно. Имате имот што вреди многу, но не го извлекувате максимумот од него. Како што минуваат месеците, играчот не е среќен и не знаете дали ќе можете да го продадете следната година, - подвлече Мијатовиќ кој денеска има одговорна функција во Партизан.