Габриел за играчот што треба да пристигне во Арсенал: Беше голем предизвик да се игра против него…

Дерби

21/07/2025

11:20

165

Големина на фонт

а а а

Англискиот вицешампион Арсенал комплетираше неколку трансфери во досегашниот преоден рок и тоа оние на Мартин Зубименди, Кепа Аризабалага, Нони Мадуеке и Кристијан Норгард.

Меѓутоа „топчиите“ нема тука да застанат, се најавуваат или се блиску уште неколку имања меѓу кои и напаѓачот Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон. Швеѓанецот се „распука“ откако се пресели во Португалија, со своите изданија се наметна како еден од најдобрите голгетери на стариот континент и јасно беше дека е прашање на време кога ќе ја промени средината.

Ако нема некој изненадувања во последен момент, Виктор треба да се пресели во северен Лондон каде веќе го чекаат новите колеги.

- Секако, кога игравме против него, тоа беше голем предизвик за нас. Она што сега го знаеме е дека тој е одличен играч, кој дефинитивно имаше одлична сезона минатата година, - вели дефанзивецот Габриел Магалеш.

- Во клуб како Арсенал, секако она што го сакаме е да ги имаме најдобрите играчи. Сакаме да се бориме за трофеи, па затоа ни требаат најдобрите. Кога играчите ќе пристигнат, советот што им го давам е да се фокусираат и да се обидат да се адаптираат што е можно побрзо, бидејќи веќе работиме навистина напорно. Затоа верувам дека тие се веќе доста синхронизирани со нас и верувам дека оваа година можеме да постигнеме големи работи, - дополни Бразилецот.