Пол Гаскоњ бил итно хоспитализиран во петокот вечерта во болница во Дорсет, откако легендарниот англиски фудбалер бил пронајден без свест од негов близок пријател.
Гаскоњ колабирал во неразјаснети услови и бил без свест кога бил пронајден од Стив Фостер, по што неговиот пријател експресно реагирал и повикал брза помош.
Славниот фудбалер бил префрлен на интензивно одделение и бил под постојан надзор од лекарите, а сега последната информација е дека тој е стабилизиран и бил преместен во одделение за акутна нега.
– Газа сака да ви се заблагодари на сите за поддршката која ја добива и на оние кои му посакуваат добро здравје. Пол е во болница и тоа е најдоброто место за него во овој момент, – гласи краткото соопштение на Фостер, човекот кој го пронашол Гаскоњ.
Англиската легенда е надвор од животна опасност откако бил стабилизиран во саботата, па предвидено е да мине уште неколку денови во болница, пред да биде пуштен на домашно лекување.