Државите ширум светот со топлотните бранови се борат на различни начини, а меѓу нив особено се истакнува Холандија.
Жителите на Холандија во земјата со последиците на високите температури се борат со еден посебен трик.
Холанѓаните во текот на летните жештини користат еден трик којшто изненадил многу од луѓето ширум светот.
Пред неколку години некои од возачите во Холандија биле изненадени кога во текот на возењето ги виделе работниците како со помош на камион истураат сол на улиците, но денес тоа веќе им станало вообичаена појава.
Како што пренесува „BBC“, солта не е корисна само во текот на зимата туку и во текот на летото, затоа што спречува топење на асфалтот во текот на топлинските бранови.
Солта ја извлекува влагата од воздухот, која потоа го лади асфалтот и така спречува можни пукнатини предизвикани од високите температури.
Отстранувањето на вишокот влага од асфалтот е добро затоа што тој потоа станува помалку леплив за возилата.
Во Холандија особено многу сол се истура на крстосниците и кружните текови во поголемите градови каде сообраќајот е најгуст.