[ФОТО] Тропскиот островски рај продава државјанство: Зад „златниот пасош“ којшто го нуди се крие тажна причина

Точка

17/07/2025

19:16

1.010

Големина на фонт

а а а

Дали животот на оддалечен остров ви звучи како остварување на сонот? Доколку е така, можеби ќе ве интересира понудата на третата најмала држава на светот.

Островската држава Науру моментално го продава своето државјанство. Сепак, причината за овој „златен пасош“, за жал е тажна.

Науру има само 21 километар квадратен површина, а температурите во текот на целата година се околу 30 степени.

Оваа островска држава, позната е и како трета најмала на светот, се наоѓа на околу 3.000 километри од Австралија, јужно од Маршалските острови.


Благодарение на својот „златен пасош“, државјаните би можеле да патуваат без виза во многу земји. Како што пренесува „CNN“, пасошот чини околу 90.000 евра. Парите од продажбата ќе бидат искористени за да се спаси островот од потопување.

Науру е особено погоден од климатските промени. Нивото на морето расте, често е погоден од невремиња, а крајбрежјето сѐ повеќе пропаѓа.

За жал, оваа мала држава нема доволно финансиски средства за да се заштити сама. Собраните пари ќе бидат употребени за преселување на околу 90 отсто од вкупно 12.500 жители на повеќе подрачја каде ќе бидат изградени нови заедници.

„Додека светот расправа за климатските акции, ние мора да преземеме проактивни чекори за да ја обезбедиме иднината на нашата земја“, изјавил претседателот на Науру.


Патување во повеќе земји без виза

Не се очекува луѓето кои ќе го купат државјанството на Науру некогаш да го посетат островот. Сепак, пасошот на Науру овозможува влез без виза во 89 земји, вклучувајќи ги и Велика Британија, Хонгконг, Сингапур.

Се очекува програмата да донесе околу 5,6 милиони долари во првата година. На подолг рок тој износ би можел да порасне на 42 милиони долари, што би било околу 19 отсто од вкупните државни приходи.

Строга контрола при купување државјанство

Меѓутоа, според наводите на „CNN“ добивањето државјанство на Науру нема да биде можно за секого. Лицата со криминално минато нема да можат да добијат пасош.


Науру извлекол поука од претходната програма кога кон средината на 90-тите години двајца осомничени членови на Ал Каеда биле уапсени во Малезија со пасош на Науру.

Затоа Владата ветува строга проверка на кандидатите. Државјани на различни земји, како Русија и Северна Кореја автоматски ќе бидат исклучени.

Во соочување со климатските предизвици, Науру не е единствената држава која се обидува да финансира мерки на заштита низ продажба на пасоши.

Карипската држава Доминика го користи овој модел од 1993 година, а и други земји би можеле да ја разгледаат оваа опција доколку трошоците за климатските промени ги надминат нивните економски можности.