Сантош оствари важна победа над Фламенго, а херој на домашните фанови беше Нејмар, кој го постигна голот за триумф во завршницата на средбата.
Големата бразилска ѕвезда конечно беше стартер за својот тим и постигна гол во 84. минута, со кој Сантош го победи лидерот на табелата и барем за момент се издвои од екипите во опасната зона.
Натпреварот беше одбележан и со дебито во првиот тим на Робињо Жуниор, синот на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо, кој во кариерата настапуваше за клубови како Милан и Реал Мадрид.
Нејмар му е еден вид ментор на наследникот на поранешниот колега од националниот тим, кој сега е во затвор поради силување.
GOOOOOOOL DO NEYMAR!!!!! 🥶
— Brasil Football 🇧🇷 (@BrasilEdition) July 17, 2025
HE GIVES SANTOS THE LEAD AGAINST FLAMENGO!!!!!!! 🇧🇷pic.twitter.com/0Lzsla25ZS