Легендарниот Конорс остар: Тоа што го направи Алкарас во финалето на Вимблдон е неприфатливо

Дерби

17/07/2025

11:12

706

Големина на фонт

а а а

Завршниот епилог од финалето на Вимблдон сè уште е топ тема во тениската спортска јавност и тоа е очекувано со оглед на престижот кој го има британскиот грен слем, а оваа година добивме и нов шампион, за првпат Италијанец.

Јаник Синер го совлада бранител на титулата и со 3:1 во сетови го победи Карлос Алкарас, па иако со прикажаната игра максимално го заслужи тоа, една тениска легенда има критики за односот кој го прикажа неговиот ривал во поселдната фаза од мечот.

Откако го загуби третиот сет, Алкарас се сврте кон својот тим и јасно им порача на соработниците дека „Синер е многу подобар од него со играта од основата линија“, а овој негов заклучок кој можеа да го слушнат фановите на трибините и оние преку ТВ приемниците не му се допадна на најтрофејниот играч во историјата, Џими Конорс.

– Тоа што го направи Алкарас во финалето е неприфатливо за мене. Не знам дали јас некогаш би признал такво нешто, особено не во финале. Иако неколку пати бев убедливо поразен во финале на Вимблдон, мислам дека никогаш не би кажал такво нешто.

– Мораш да се вклучиш, да се фокусираш да себе и да ја промениш играта. Мора да пробаш нешто друго, а не да останеш на планот А. Ако сакаш да победиш, мора да се помачиш на некои мечеви. Ако ривалот ме победи на еден или друг начин, јас ќе смислам и трет за да му ги закомплицирам работите, – вели Конорс кој е рекордер со 109 освоени титули во својата богата кариера.