[ФОТО] „Уште една пластична кукла заблеска“: Лицето на славната актерка е главна тема

Точка

18/11/2026

07:07

693

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лоренс повторно привлече внимание со својот настап, овојпат на премиерата во Њујорк на „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“. Нејзиното „ново лице“ беше главната тема на настанот.

Актерката Џенифер Лоренс (36) изгледаше зачудувачки кога се појави на премиерата на „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во Њујорк.

Џенифер се одлучи за гламурозно издание со брановидно стилизирана коса, светло розови усни и прекрасен црн фустан со драматична бела јака, само неколку дена по контроверзноста околу нејзиното „ново лице“.


Позирајќи пред виолетова позадина на премиерата, таа покажа стилско издание кое е во остра спротивност со опуштените комбинации од фармерки, преголеми јакни и рамни чевли што често ги избира во слободното време.

Нејзиниот црн фустан со долги ракави имаше крој на преклоп, со врзување на половината, додека прекрасната, мека бела јака го врамуваше длабокото деколте.

Шарени цветни детали се спуштаа по едната страна од фустанот, со розови рози, зелени стебла и светкави украси, додека шлицот на здолништето му даваше на целиот изглед дополнителен шарм, објавува „HELLO“.


Џенифер претходно отворено зборуваше за козметичките третмани, вклучувајќи ја и важноста на одржувањето на изразите на лицето за актерските улоги. Затоа дури ја нарекоа и „пластична кукла“.

Во интервју за списанието „Vogue“ во септември 2026 година, таа објасни:

„Важно ми е да можам да го движам лицето. Користам мали количини ботокс, но не можам да ставам премногу.“

Зборувајќи за негата на кожата, таа исто така откри дека ужива во третмани за лице и масажи, но има одредени резерви во врска со другите естетски процедури. Во интервју за „The New Yorker“ во октомври 2025 година, Џенифер рече дека ги избегнува филери поради начинот на кој можат да изгледаат пред камера.


Џенифер, исто така, зборуваше за тоа како мајчинството го променило нејзиното тело. За време на интервју за „The New Yorker“ во 2025 година, таа откри дека планира да направи операција на градите откако го роди второто дете со сопругот Кук Марони.

„По првото раѓање, сè главно се врати на свое место. По второто, ништо не се врати“, изјавила актерката. Списанието „The Cut“ потоа објави дека Џенифер навистина направила операција на градите.

Актерката, исто така, се осврна на претпоставките за промените на нејзиното лице. За време на интервјуто со Кајли Џенер во ноември 2023 година, таа му ја припиша заслугата на шминкерот Хунг Ванг за изгледот што ги поттикна шпекулациите за операција на очите. Таа објасни дека неговите техники на шминкање, вклучително и цртање на усните надвор од нивната природна линија, можат значително да го променат изгледот на една личност.