Блерим командува, Данела удира по Албанците: сценарио на ДУИ, велат од „Вреди“

Макфакс

14/07/2025

16:18

1.168

Големина на фонт

а а а

Да расветлиме една од најболните приказни за злоупотреба на институциите против граѓаните, приказната за мрежата што ја создадоа Блерим Беџети и градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска. Ова е приказна за партиска моќ, за коруптивни договори и за системска дискриминација што ги погоди токму тие што најмногу се жртвувале, велат од „Вреди“.

„Bо изминатите месеци бевме сведоци на спектакуларно режирана акција на ДУИ, во која главниот удар беше насочен кон семејството на припадник на ОНА.

Од над 20.000 нелегални објекти во Скопје, токму неговата скромна куќа беше избрана за демонстрација на сила.

Зошто? Затоа што претходно истиот човек беше избркан од работа по налог на луѓето на Блерим Беџети. Тоа не е случајност, туку пресметана порака: „Ако не сте со нас, ќе ве нема“.

Истата рака на Блерим Беџети се гледа и зад лажниот наратив што ДУИ ѝ ја продава на македонската јавност – дека на удар е Командант Барути, а вистинскиот човек зад приказната е брат му. Давејќи се во маглата на дезинформациите, останува да се види кој навистина ги влече конците и во чија корист се одвива оваа дива предизборна драма“.

Ова, како што велат, не е првпат Блерим Беџети и неговите соработници да го креваат стапот над главите на своите сограѓани Албанци.

„Што е заедничко во сите овие настани. Лицата и парафите на Блерим Беџети и Данела Арсовска:

Заеднички договори склучени далеку од очите најавноста;

Партиски именувања во „Комунална хигиена“ и во другите јавни претпријатија под надлежност на Град Скопје, што треба да им служат на сите граѓани;

Координирани теренски акции насочени кон населби во кои живеат Албанци со цел да се испрати порака на страв и покорност.

Ова сега не се само поединечни злоупотреби, туку образец на однесување. Партија што некогаш се гордееше со борбата, денес ги предава токму своите борци, ги става на столбот на срамот заради пуста пропаганда и опстанок на власт“.

Прашуваат: Кој намерно прави притисок кон одредени поединци? Зошто ДУИ свесно ја шири лагата за борците на ОНА? Дали ова е уште едно предупредување од ДУИ до секој ветеран што ќе проговори?

Како објаснуваат Блерим и Данела дека од над 20 000 објекти во Скопје само еден беше таргетиран?

Кој ги повика инспекцијата и полицијата и врз основа на кои критериуми?

Кој го потпиша списокот за отпуштања во „Комунална хигиена?“ Кој го напиша? Дали Блерим Беџети лично?

Колкава е вистинската финансиска спрега меѓу Град Скопје и фирмите блиски до Беџети? Дали стравот од изборите и одењето на Данела ја создава целата нервоза?

Колку од отпуштените 150 Албанци добија нова работа и под кои услови?“

Бараат Јавното обвинителство веднаш да почне предистражна постапка за улогата на Блерим Беџети во злоупотребата на службената положба и во поттикнувањето етничка омраза во последните месеци во Скопје.

Инспекциски надзор врз сите договори на Град Скопје во изминатите три години;

Итно враќање на работа на неправедно отпуштените работници и обесштетување за поминатиот период.