Бизарен црвен картон за крај на СКП: Невеш ги загуби нервите и го повлече за коса Кукурелја

Дерби

14/07/2025

09:22

324

Големина на фонт

а а а

Светското клупско првенство финишираше со неочекуван расплет во финалето во Њу Џерси, бидејќи Челси режираше големо изненадување со убедлива победа од 3:0 против ПСЖ.

Победникот во Конференциската лига испадна како подобар ривал од актуелниот и нов европски шампион ПСЖ, кој во големото финале на „МетЛајф“ стадионот едноставно не најде решение за избраниците на Енцо Мареска.

Италијанскиот стручњак извонредно ги постави своите фудбалери и маестрално ги намириса слабите точки во тимот на ПСЖ, па фрустрацијата кај фаворитот беше толку голема, што на крајот видовме и неблагодарни сцени.

Луис Енрике го удри Жоао Педро по крајот на натпреварот и сега му се заканува казна од ФИФА, додека неколку минути претходно, видовме и бизарно исклучување за крај на турнирот во САД.

Жоао Невеш ги загуби нервите при еден дуел со Марк Кукурелја, а иако судијата не виде, по проверка на ВАР му беше покажан црвен картон поради фактот што го повлече ривалот за долгата коса.