Општина Центар објави jавен повик за реализација на проектот „Одбележување на настани и личности“, со цел афирмација на македонската култура и историја.
„Во рамки на овој проект предвидено е организирање настани посветени на истакнати личности од Општина Центар, кои твореле и делувале во сите сфери на животот и оставиле трага во својата професија, како и одбележување на јубилеи на значајни настани од нашето културно и историско наследство. Преку ваквите настани се промовира автентичноста и богатата традиција на нашата општина“, посочи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
На повикот може да се пријават поединци, здруженија и правни субјекти што работат во областа на културата, уметноста или маркетингот, со седиште или живеалиште во Општина Центар.
“Потребно е да имаат најмалку една година активно дејствување и искуство во организација на слични настани.
Заинтересираните можат да аплицираат по пошта на адреса: Општина Центар – Скопје, ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, или лично во архивата (барака 6), од 09:00 до 15:00 часот. Рокот за пријавување e 5 дена од објавувањето на повикот на веб-страницата на Општина Центар.