Од годинава се плаќа нова такса во Грција: Погледнете го деталниот ценовник и едно нешто задолжително прашајте го сопственикот на сместувањето

Точка

10/07/2025

19:11

1.749

Големина на фонт

а а а

Поради големите природни катастрофи кои последниве години ја зафатија Грција, одлучено е да се изврши преименување на таксата за престој во еколошка такса.

Доколку летово одите во Грција на одмор, треба да знаете дека на сила стапила нова такса.

Имено, на почетокот на 2025 година во Грција на сила стапи измената на законот за таксата за престој која сега ќе се вика еколошка такса, односно такса за управување со климатската криза.

Оваа такса ја заменува досегашната и е дел од поширокиот план на грчката Влада за одржлив туризам и борба против последиците од климатските промени.


Парите од таа такса ќе се вложуваат во екологијата, поточно ќе служат за управување со климатските кризи. Еколошката такса се плаќа по доаѓањето во сместувањето, на рецепција или на сопственикот на единицата за сместување кој е дежурен да издаде посебна сметка.

Исто така тие можат да побараат плаќање на такса при доаѓање или во текот на престојот во сместувањето. Еколошката такса се плаќа по сместувачката единица, не по личност или по ноќевање во сместувањето.

Цена на еколошката такса во Грција за 2025 година

Од април до октомври еколошката такса во апартманите/студијата изнесува 2 евра.

Цена за престој во хотелите:

- една или две ѕвезди, 2 евра;
- три ѕвезди, 5 евра;
- 4 ѕвезди, 10 евра;
- пет ѕвезди, 15 евра.

Во куќите, вилите:

- до 18 метри квадратни се наплаќа надомест од 8 евра;
- над 18 метри квадратни се наплаќа надомест од 15 евра.


За приватни станови кои се регистрирани за краткорочно издавање („Airbnb“):

- 8 евра во текот на летната тарифа (период од април до октомври);
- 2 евра во текот на зимската тарифа (период од ноември до март).
Официјалната страница со детални податоци за таксите може да ја погледнете ТУКА.

Пред плаќање на еколошката такса сопственикот на сместувањето или рецепционерот прашајте го дали ќе добиете сметка за да бидете сигурни дали парите навистина одат во целта за која се наменети – санирање на штетите предизвикани од климатските промени.