Франција го продолжува производството на крстосувачки ракети „SKALP“ по 15-годишна пауза

Макфакс

10/07/2025

11:40

152

Големина на фонт

а а а

Францускиот министер за одбрана, Себастијан Лекорни, објави дека Франција, заедно со своите сојузници, го обнови производството на крстосувачки ракети „SKALP/Storm“ за првпат по 15 години.

„Производството на ракети „SKALP“ за опремување на нашите вооружени сили ќе продолжи во 2025 година, 15 години по нашата последна нарачка“, рече тој на платформата Икс.

Според него, француско-британските ракети испорачани во Украина ја покажаа својата ефикасност во модерните борбени операции со висок интензитет.

„Како заедничко вложување на Франција, Велика Британија, Италија и Германија, MBDA е симбол на водечката европска одбранбена индустрија“, додаде Лекорни, пренесува Танјуг.