[ФОТО] Интернетот „експлодираше“ поради фотките од Халанд: Некој ги искористи за урнебесно објаснување на менструалниот циклус

Точка

28/07/2026

17:32

539

Големина на фонт

а а а

Ерлинг Халанд се најде во една од најнеочекуваните здравствени лекции на интернет.

Платформата за женско здравје „Hiya Healthcare“ , со седиште во Дубаи, искористила серија фотографии од 26-годишниот фудбалер за да ги објасни четирите фази на менструалниот циклус, поврзувајќи ги неговите препознатливи изрази на лицето со симптоми како раздразливост, грчеви, промени во расположението и замор.

Така го гледаме Ерлинг Халанд со искривено лице од бес, како илустрација за фазата на раздразливост. Фотографијата на која се превиткува на теренот е искористена за прикажување на болните грчеви. Тука е и моментот кога се јавува ненормален глад, кога премногу размислуваш и кога можеш да заплачеш во секој момент.


Но, популарниот спортист со кренати раце и горда насмевка одлично го доловува и победничкиот менталитет, а во елегантно одело – чувството на привлечност.

На луѓето оваа споредба им е пресмешна – објавата собра илјадници и илјадници лајкови, а веќе се шегуваат во стилот: „Драга, кој Халанд си денес?“... Единствено не знаеме како популарниот фудбалер ќе ја прифати шегата.