Во директна опасност од огнената стихија се наоѓаат населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
При посета на загрозеното подрачје Митовски нагласи дека градот се наоѓа под закана – најголема огнена стихија во последните неколку години, и упати апел за смиреност, но и за помош од соседните општини, од државата и од доброволци.
„Апелирам и алармирам за смиреност, но во истиот момент апелирам за помош од сите соседни општини, за државна помош, вклучувајќи ја целокупната државна механизација што е на располагање затоа што, верувајте, во опасност се наоѓаат директно населено место Лозаново и домовите на луѓето. Апелирам, како што реков, на смиреност и на вклученост на сите граѓани, на сите оние што може да дојдат тука, на самото место да помогнат во спречување на ширењето на огнената стихија“, порача градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.