На територијата на Македонија активни 10 пожари

Макфакс

09/07/2025

14:54

193

Големина на фонт

а а а

Според последните податоци од Центарот за управување со кризи, до 13 часот на територијата на целата држава имало 14 активни пожари, од кои четири се изгаснати.

На територијата на државата има вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои:

Активни: 10

Општина Македонски Брод 1: помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Слатин (деградирана дабова шума и грмушки);

Општина Македонски Брод 2: с. Самоков (опожарен лесно запалив материјал);

Општина Македонски Брод 3: с. Рамне (ниска вегетација, проширен од фабриката „Самоков“);

Општина Чашка: под Солунска Глава, помеѓу местата наречени Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, каде што нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар);

Општина Чучер-Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација);

Општина Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума);

Општина Кавадарци 1: с. Крушевица (ниска вегетација);

Општина Кавадарци 2: с. Крњево (нискостеблеста вегетација);

Општина Велес: населба Речани (сува трева);

Општина Шуто Оризари: депонија.

Изгаснати: 4

Општина Бутел: с. Лубанци (ниска вегетација);

Општина Старо Нагоричане: (нискостеблеста шума и сува трева);

Општина Демир Хисар: Ново Село (помошен објект – плевна);

Општина Прилеп: с. Веселчани (сува трева).