Европратеничката од Словенија Ирена Јовева им одговори на нападите на бугарските колеги во врска со извештајот за напредокот на Македоија за кој синоќа се дискутираше во Европскиот парламент.
- За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на Вас за да го признаете тоа Ви треба чесност, инегритет, храброст, знам – рече Јовева.
Во дебатата учествуваа голем број европратеници, вклучително и предлагачот Томас Вајц, како и неколку бугарски претставници.
Гласањето за амандманите и за Извештајот е целост е предвидено за денеска. Според амандманот предложен од трите најголеми политички групации во Европскиот парламент се предвидува целосно бришење на спомнувањето на македонскиот јазик и идентитет во текстот на извештајот.
Јовева има македонско потекло и ѝ припаѓа на партијата „Движење за слобода“, која е дел од парламентарната група „Обнова на Европа“, која претходно најави дека нема да гласа за бришење на македонскиот јазик и идентитет.