Мареска не бира противник за финалето: Ова е фантастична сезона за Челси

Дерби

09/07/2025

11:14

244

Големина на фонт

а а а

Челси го продолжи својот добар пат на Светското клупско првенство и вчера го победи Флуминенсе благодарение на претпоследното летно засилување, бидејќи Жоао Педро два пати стрелаше во мрежата на својот поранешен клуб кој му даде шанса да се докажува на највисоко ниво.

Големото засилување за нападот на Енцо Мареска проработе уште на првиот меч како стартер за Челси, па неговиот блесок беше доволен за пласман во големото финале на новото натпреварување кое го оформи ФИФА.

Челси ќе добие ривал од вечерашниот дуел меѓу ПСЖ и Реал Мадрид, а Енцо Мареска како менаџер на „сините“ нагласи дека нема афинитети кон ниту еден од двата великани.

– Станува збор за два топ тима и не би правел избор. Едниот тим ја освои Лигата на шампионите оваа сезона, а другиот го направи тоа минатата сезона. Не бираме противник, горди сме што стигнавме до самиот крај.

– Ова е голем успех за нас, ова е фантастична сезона за Челси. Изборивме топ четири во Премиер лигата, ја освоивме Конференциската лига и сега сме во финалето на Светското клупско првенство. Одиме меч по меч, но се надеваме дека можеме да го освоиме и овој турнир, – изјави Мареска.