Повеќе од 110 лица се полесно повредени во голем пожар што беснее северно од Марсеј со денови, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бруно Рејто. Пожарот сè уште не е под контрола, а хеликоптери и повеќе од илјада пожарникари помагаат во неговото гаснење.
„Пожарот сè уште не е под контрола“, им рече Рејто на новинарите во вторник вечерта за време на обиколката на погодената област. Тој додаде дека повеќето од повредите се полесни и дека засега нема жртви.
The Pennes-Mirabeau wildfire has reached Marseille fuelled by gusts of 80-90 km/h! 😱
— Melaine Le Roy (@subfossilguy) July 8, 2025
The 100km-long plume is visible over Mediterranean Sea by satellite! 🔥💨
🛰️ @meteofrance
📷 Anne de Plux (Facebook) pic.twitter.com/yIxba5emcs
Според Мартин Васал, претседателка на метрополитенската област Екс-Марсеј-Прованс, пожарот е предизвикан од автомобил што се запалил покрај автопатот. Пожарот избувнал во близина на Ле Пен-Мирабо и се проширил на површина од околу 720 хектари. Околу дваесетина згради се оштетени, додека стотици домови се евакуирани.
Градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан, ја опиша ситуацијата како „битка“ и го спореди гаснењето пожари со „герилска војна“. „Чекаме да видиме како ќе се развие во текот на ноќта, тоа ќе биде клучно“, рече Пајан. „Сè е стратешки важно: брзината на ветерот, влажноста, ноќта и секој фактор може да го промени текот на настаните. Опасноста е сериозна, а работата е исклучително тешка“.
BREAKING : Huge Wildfire Erupts in Marseille — Emergency Crews on Site 🇫🇷 pic.twitter.com/Pa0lO6raJ5
— MOHAMMAD AHSAN (@MOHAMMAD_AARSH) July 8, 2025
Воздушниот сообраќај на аеродромот Марсеј Прованса беше прекинат, а болницата Хоспитал Норд се префрли на генератори поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Регионалниот институт АтмоСуд предупреди за десет пати поголема дневна максимална концентрација на штетни честички во воздухот.
Пожари избувнаа и во други делови од Медитеранот. Неколку области горат во североисточна Шпанија, а минатата недела пожари го зафатија и јужен Крит, каде што беа евакуирани повеќе од 1.500 луѓе. Нови пожари беа пријавени и во текот на викендот во близина на Атина, во западна Турција и во североисточна Сирија.