Најдобриот играч на Индијана ќе ја пропушти наредната сезона

Дерби

08/07/2025

12:24

182

Големина на фонт

а а а

Индијана Пејсерс беше на чекор од историски резултат и титула во НБА лигата, меѓутоа падна на последниот испит и тоа во мајсторката и пехарот заврши кај Оклахома Сити Тандер.

Пејсерс покажаа неверојатен карактер, борбеност и навистина е прашање што ќе се случише ако нивниот најдобар играч Тајрис Халибартон не се повредеше во седмиот клучен меч против Тандер, меч кој го започна извонредно.

Потоа дојде до повредата, ја скина десната ахилова тетива и сега го очекува долга пауза од терените, односно тој ќе ја пропушти комплената наредна кампања.

- Не се сомневам дека ќе се врати посилен. Операцијата помина добро… Сепак, тој нема да игра следната сезона. Не сакаме ништо да ризикуваме. Другите играчи ќе имаат можност да напредуваат, -порача претседателот на кошаркарските операции на клубот, Кевин Причард.