Њукасл ќе плати 55 милиони фунти за офанзивец од Премиер лигата

Дерби

08/07/2025

11:57

169

Големина на фонт

а а а

Њукасл ќе игра во Лигата на шампионите во наредната сезона и тоа носи нови екстра натпревари за клубот од северот од Англија, но и обврска да се претстави во најдобро светло, плус во исто време да го задржи ритамот, чекорот со најдобрите во Премиер лигата.

Ова дефинитивно ќе биде сериозен предизвик за Њукасл и тоа го знаат луѓето од „Сент Џејмс Парк“ кои сакаат да го засилат составот, па првиот значаен потег ќе ги чини 55 милиони фунти.

Нов член на англискиот премиерлигаш ќе биде Антони Еланга кој блесна во Нотингем Форест. Тој ја заврши минатата сезона со 6 гола и 11 асистенции во Премиер лигата, постојано беше опасен за противниците и Швеѓанецот дефинитивно ќе биде значаен адут за тренерот Хау.

Еланга има 23 година, пред да игра за „шумарите“ беше дел од Манчестер Јунајтед кој дефинитивно прерано се откажа од неговите услуги.