Алегри: Влаховиќ е одличен дечко…

Дерби

08/07/2025

11:52

260

Големина на фонт

а а а

Масимилијано Алегри го започна вториот мандат како предводник на Милан, мандат во кој ќе има задача да го врати славниот клуб на врвот или при самиот врв на италијанскиот фудбал, а потоа истиот да фати и „залет“ во Европа, Лигата на шампионите.

Мора да се оди чекор по чекор, „росонерите“ ќе имаат само домашни обврски во натпреварувачката 2025/2026, но без разлика на тоа ќе мора да се има квалитетен состав ако се сака да се достигнат посакуваните цели.

Низ медиумите веќе се појавуваат информации, вести дека Милан сака да доведе нов напаѓач, а меѓу имињата кои се споменуваат е Душан Влаховиќ кој е „вишок“ во Јувентус, поточно „бјанконерите“ се подготвени да се разделат со него.

Макс доби прашање за Србинот, а стратегот искусно одговори, ама и ги остави отворени сите опции.

- Душан е одличен човек, кој моментално е сè уште играч на Јувентус. Јас бев тренер таму кога тој дојде во клубот, - истакна Италијанецот.