Лионел Меси беше централна фигура во победата на Интер Мајами над Монтреал во МЛС лигата, победа од 4-1 во која капитенот постигна два убави погодоци, а забележа и асистенција.
Инаку ова издание на Аргентинецот дојде по лошата негова грешка на стартот кога му подари водство на противникот, меѓутоа токму ова како дополнително да го мотивираше и во продолжението беше нерешлива енигма за домаќините и сосема заслужено на крајот го понесе признанието играч на натпреварот.
Мечот едноставно беше решен по 60 минута со оглед на тоа што Интер Мајами веќе тогаш имаше плус три, па тренерот Хавиер Маскерано беше запрашан зошто не му дал одмор на Меси со оглед на тоа што претходно ги одигра и сите средби по 90 минути на Светското клупско првенство.
- Мора да разбереме дека Лео е најсреќен кога игра фудбал. Секој пат кога е во форма, ќе сака да игра – и ние ќе му дозволиме. Тој ни дава огромна предност кога е на теренот и секако, сакаме да го искористиме тоа максимално, - порача Маскерано.