Шокантната вест која се прошири во Шпанија ова утро го шокираше цел фудбалски свет, но дефинитивно, најпогодени се луѓе во Португалија кои на големо жалат за трагично згаснатите животи на двајца млади фудбалери.
Диого Жота и неговиот помал брат Андре ги загубија животите во страшна сообраќајна несреќа рано утрово на шпанска територија, откако автомобилот во кој се превезувале излетал од автопатот и се запалил заедно со околната вегетација која била во близина на немилиот настан.
Ѕвездата на Ливерпул (28 години) и неговиот две години помлад брат Андре ја завија во црно цела португалска спортска сцена, а сосема очекувано, првото соопштение пристигна од Португалската Фудбалска Федерација.
– Португалската фудбалска Федерација и целата португалска фудбалска заедница се целосно скршени по веста за смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва рано утрово во Шпанија.
– Со речиси 50 настапи за националната селекција, Диого Жота беже извонредна личност која беше почитувана од сите негови соиграчи и противници, тој претставуваше симбол за човек кој е пример за сите останати.
– Португалската фудбалска федерација изразува најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на Диого и Андре Силва, како и до ФК Ливерпул и ФК Пенафиел, клубовите каде што играа двајцата.
– Португалската фудбалска федерација веќе побара од УЕФА едноминутно молчење овој четврток, пред натпреварот на нашата репрезентација против Шпанија, на Европското првенство за жени.
– Загубивме двајца шампиони. Смртта на Диого и Андре Силва претставува непоправлива загуба за португалскиот фудбал и ние ќе направиме сè што можеме за да го почитуваме нивното наследство секој ден, – гласи објавата на Португалската Федерација.
A Federação Portuguesa de Futebol e todo o Futebol português estão completamente devastados com a morte de Diogo Jota e do seu irmão André Silva, esta madrugada, em Espanha.
— Portugal (@selecaoportugal) July 3, 2025
Muito mais do que o fantástico jogador, com quase 50 internacionalizações pela Seleção Nacional A, Diogo… pic.twitter.com/EN901fH6FG