Овој викенд, во срцето на Скопје, се одржаа дерматолошки прегледи, трета година по ред, како дел од инцијативата на dm дрогерие маркт за подигнување на свеста за женското здравје и превенцијата. Настанот, кој се одвиваше во два дена, привлече внимание и интерес од страна на многу посетители, кои одлучија да се погрижат за своето здравје и благосостојба.
Прегледите се одржаа на Школка, во Градскиот парк во Скопје и тоа во три термина на 28 и 29 јуни. Повеќе од 300 посетители имаа можност да се прегледаат од страна на стручниот тим дерматолози: д-р Тихомир Цветковиќ, д-р. Томица Сотировски и д-р. Тамара Чавдарова, кои со своето знаење и искуство им помогнаа на присутните да се чувствуваат сигурно и заштитено. Овие прегледи не само што беа важни за откривање на потенцијални проблеми, туку и за едукација на посетителите за правилна нега на кожата и важноста на редовните прегледи.
Во текот на двата дена, беа извршени повеќе од 300 дерматолошки прегледи, а резултатите покажуваат колку е значајна превенцијата. Според статистиките, 20% од прегледаните лица беа упатени на подетални испитувања поради специфичноста на утврдените промени на кожата и бенките. Дополнително, 10% од учесниците беа упатени на хируршко отстранување на бенки. Особено загрижувачки е фактот што кај повеќе од десетина прегледани се забележани специфични промени, кои поради сомнеж од меланом, беа упатени на задолжителни понатамошни детални испитувања. Овие резултати потврдуваат дека редовните прегледи и свеста за здравјето се особено важни.
„Ние во dm секојдневно работиме на подигнување на свеста за важноста на здравјето, а овие прегледи се само еден од начините преку кои сакаме да ги охрабриме луѓето да се грижат за себе. Одзивот на граѓаните на бесплатните дерматолошки прегледи оваа година беше навистина одличен и горди сме што поттикнавме повеќе од 300 луѓе да донесат добра одлука и да го направат својот редовен преглед токму тука. Ова за нас е само уште еден показател дека правиме вистинска промена во секојдневието на луѓето и нѐ поттикнува да продолжиме со активности кои ќе ја развијат свеста за создавањето на здрави животни навики. “ – изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.
Бидејќи здравите навики се учат уште од најмала возраст, dm се погрижи да го дополни настанот со Детските олимписки игри, организирани од Мама круг, каде повеќе од 100 деца и родители вежбаа заедно со тренерот Даниел Трбогазов. Оваа активност создаде посебна атмосфера на заедништво и радост.
Овој викенд не само што беше успешен во поглед на бројот на прегледи, туку беше и инспиративен, потврдувајќи ја важноста на превенцијата и заедничките напори за подобро здравје. Секоја година, иницијативата на dm продолжува да расте, привлекувајќи сè поголем број на учесници и создавајќи позитивно влијание во заедницата. Здравјето е патување, а со вакви настани, заедно чекориме кон подобра иднина.