Зеленски: Германија ќе го поддржи членството на Украина во НАТО

Макфакс

30/06/2025

19:23

139

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека ставот на Германија се променил и дека земјата сега го поддржува членството на Украина во НАТО.

Во пресрет на средбата со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во Киев, Зеленски објасни дека за време на состанокот на ниво на министрите за надворешни работи на НАТО и Украина минатата недела во Брисел, германската страна изјавила дека верува оти Украина треба да биде во Алијансата и дека тоа е „во интерес на безбедноста на цела Европа“, пренесува Укринформ.

„Многу важен момент, покрај иднината во Европската Унија. Би сакал лично да ви се заблагодарам денес за сигналот што не е слушнат од германската страна многу долго време, или можеби дури и никогаш“, рече Зеленски.

Тој истакна дека е „многу задоволен од соодветните сигнали за поддршка“.

Порано денес, Зеленски објави дека наскоро ќе разговара со лидерите на Европската Унија за дополнително финансирање за производство на беспилотни летала и заедничко производство.

Зеленски, спореед медиумот, претходно изјави дека четири земји – Соединетите Американски Држави, Германија, Унгарија и Словачка – се противат на членството на Украина во НАТО.