Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Макфакс

30/06/2025

09:06

14.054

Големина на фонт

а а а

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо.

Како што јавуваат италијанските медиуми, девојчето се капело заедно со нејзините браќа и сестри во реката. Околу 16 часот скокнало во вода, но не испливало на површината поради силната струја што го повлекла под водата и сосема го сокрила од видикот.


„На повик дојдоа околу 20 пожарникари од засебните единици на Монте­белуна и Тревизо, како и специјалисти за водни интервенции, нуркачи, дрон и хеликоптер од Венеција, како и припадници на карабињерите. Поради непредвидливата струја, спасувачките операции беа исклучително тешки. По околу два часа потрага, околу 18:30 часот нуркачи го пронајдоа телото на девојчето меѓу големи карпи на реката. Лекар од итната помош констатира смрт“, јавува „РАИ Њуз“.

Смртоносно давење во Пјава имаше и пред 11 дена, кога животот го загуби 21‑годишен маж со венецуелско потекло.