Луис Енрике го избра најдобриот тим кој го тренирал во кариерата и ја изненади цела фудбалска јавност

Дерби

30/06/2025

11:14

394

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике имаше емотивна средба со добро познати лица од редовите на Интер Мајами, па токму поради тоа, Шпанецот посебно уживаше во дуелот кој го имаше со Меси, Бускетс, Алба и Маскерано.

Тренерот на ПСЖ се покажа како голем џентлмен и имаше срдечни зборови за сите свои поранешни фудбалери од Барса, период кој многумина го сметаат за најдобар во неговата тренерска кариера.

Со оглед на тоа што остварува извонредни резултати и со актуелниот тим на ПСЖ, новинарите побараа од него да направи паралела меѓу овој тим и оној кој го имаше во Барселона, по што Лучо во свој стил даде изјава која изненади многумина.

– Постои само една разлика меѓу овие два тима, а тоа е како изгледа моето лице и мојата коса. Исто така, вие новинарите сте подебели после осум години. Јас успевам да ја одржам мојата килажа, но косата веќе не ми е иста.

– Бидејќи не ја познавате доволно добро мојата историја како тренер, ќе ви кажам дека најмногу уживав кога бев тренер во Барселона Б. Тоа беше најдобриот тим кој го тренирав. Минав три години во Барса Б и тоа беше почетокот на нешто многу убаво. Таму се чувствував најдобро и истовремено најмногу научив. Исто така, мојот тим во Барса Б играше многу добар фудбал, – изјави Лучо.