„Лекип“ со брутална критика за играта на Меси против ПСЖ: Не го видовме првпат во вакво издание

Дерби

30/06/2025

11:13

248

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами се покажа како недораснат тим за ПСЖ и тоа стана евидентно уште по 45 минути игра во осминафиналето, период кој беше доволен за да стане јасно дека европскиот шампион е патник во четвртфиналето.

Тимот на Луис Енрике постигна четири гола во мрежата на Интер Мајами и вториот дел беше чиста формалност, но кога е во прашање воведното полувреме, вреди да се нагласи дека американскиот тим не испрати ниту еден шут кон голот на Донарума.

Тоа е најдобра отслика за немоќта на тимот во кој главна ѕвезда е Лео Меси, а поради таквиот статус, Аргентинецот доби и навистина ниска оценка од угледниот „Лекип“.

Медиумот кој секогаш прави анализи на сите поединци после одигран натпревар го оцени Меси со 3-ка, но притоа испорача и неколку брутални зборови за играта која ја прикажа, без оглед на фактот што беше најактивен играч на Интер Мајами во второто полувреме.

– ПСЖ имаше прошетка во паркот против Интер Мајами. Едниот тим имаше проштека, а другиот земаше здив што и му прилега со оглед на возраста на неколку фудбалери во тимот. Ова не беше првпат да го гледаме Меси како оди по теренот додека играчите на ПСЖ летаа покрај него. Ова едноставно не беше негов ден, – гласи критиката на „Лекип“.