[ВИДЕО] „Боинг“ удри во „Ербас“ на пистата во Ханој, отсекувајќи му го крилото

Макфакс

30/06/2025

09:30

476

Големина на фонт

а а а

„Виетнам ерлајнс“ суспендираше четири пилоти откако „Боинг“ удрил во паркиран „Ербас“ на пистата, при што му бил оштетен стабилизаторот.

Авион на „Виетнам ерлајнс“ се судрил со друг авион на истата компанија на аеродромот Нои Баи во Ханој. Снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога крилото го удира вертикалниот стабилизатор на „Ербас“ при судирот на пистата.

Судирот се случил околу 14 часот во петокот, кога Боинг 787 се движел кон пистата и удрил во Ербас А321 паркиран на платформата, кој чекал да полета за Диен Биен, објави VNExpress. Снимките покажуваат како десното крило на „Боингот“ го сече стабилизаторот на „Ербасот“ и минува низ него.

„Виетнам ерлајнс“ суспендираше четири пилоти, по двајца од секој авион, по несреќата, чија причина сè уште не е утврдена. Прелиминарните наоди укажуваат дека „Ербасот“ не бил правилно паркиран.